Организационо, Друштвото функционира во рамките на организациони единки: сектори, оддделенија и експозитури.
Ваквата поставеност овозможува непречена соработка помеѓу секторите во делот на: осигурување, проценка и ликвидација на штети, финансите, правните работ, финансиите и актуарските пресметки. Со ваквото функционирање во изминатиот период се исполнуваат планираните цели на работење и оптимално опслужување наклиентите.
Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје располага со стручен и оперативен кадар кои редовно ги следат новините и измените кои се одвиваат во областа на осигурувањето на нашиот осигурителен пазар како и оние во осигурувањето на нашите соседи на Балканот и во државите во Европа.
Стручните работи во Друштвото ги извршуваат високо стручни работни кадри кои зад себе имаат големо работно искуство во дејноста на осигурувањето и млади образовани кадри кои секојдневно со својот ентузијазам и желба за знаење и успех во работата ги освојуваат особеностите на оваа дејност и успешно ги презентираат на пазарот за осигурување.