Македонски  Англиски  Контакт
ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ - НЕЗГОДА
 

ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ - НЕЗГОДА

Сите ние, сме под континуиран и непрестан ризик, со што животот и здравјето можат да бидат загрозени до фатална состојба. Со осигурување од последици на несреќен случај - незгода се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на работно место и при останатите активности со кои се бави лицето, во местото на живеење и при патување, во текот на 24 часа временски и просторно неограничено.

Осигурувањето може да биде индивидуално или колективно и истото овозможува покривање на трошоци за лекување и дневен надомест во случај на незгода.

Смрт од последици на несреќен случај
Траен инвалидитет од последици на несреќен случај (незгода)
Преодна неспособност за работа (дневен надомест) од последици на несреќен случај (незгода)
Трошоци за лекување од последици на несреќен случај (незгода)

АД Осигурителна полиса Ви овозможува и осигурување од незгода на: работници, ученици и студенти, деца од претшколска возраст, членови на домаќинство, спортисти.





 Локации


Нашата цел е достапност на услугата во секој град, во секое населено место