Оваа политика на приватност АД Осигурителна полиса Скопје дава општи информации за начинот на кој ги собираме, одржуваме и управуваме со личните податоци, секогаш кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни за обезбедување нашите услуги.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е АД Осигурителна полсиа Скопје, со седиште на бул.Свети Климент Охридски бр.26, Скопје, Република Северна Македонија.

Активностите на обработка поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на Друштвото, се извршуваат од страна на ИТ Секторот на Друштвото одговорен за овие услуги или лицата задолжени за давање и користење на услугите.

 

Информации кои ги собира Друштвото при посета на веб-страницата:

  • Информации со кои Вие се идентификувате при користење на услугите на Друштвото,
  • Информации кои не се лични. Податоци за содржината која ја гледате и со која ракувате и кои се однесуваат на софтверот за интернет-пребарувачот, кои содржини ги кликате, кои производи и услуги ги посетувате, типот на компјутер, како и технички информации за конекцијата што корисникот ја користи при посета на страницата, како што се оперативниот систем и испорачувачот на интернет услугата и сл.
  • Услугата, производот или записите од серверот, кои содржат технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред или поставувања на апликацијата, грешките и активноста на хардверот.
  • Информации со физичката локација на вашиот уред.

 

Како Друштвото ги користи собраните податоци

Друштвото може да ги користи информациите кои ги собира заради повеќе причини, и тоа:

  • да Ви ја обезбеди бараната услуга или производ, при што Ве идентификува;
  • да обезбеди грижа за клиентите;
  • да Ве праша за мислење во врска со услугите на Друштвото;
  • да ги олесни и проследи Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со Друштвото и неговите услуги;
  • да ја разгледа можноста за Ваше вработување/соработка доколку се обратите кај нас преку веб-сајтот и аплицирате;
  • помош при пријава и решавање на оштетни барања.

 

Дополнително собраните податоци се користат за:

  • Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашиот веб-сајт, производи, услуги;
  • Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
  • За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.

 

Споделување на информации

Друштвото не ги открива Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.

 

Рекламни комуникации

Ве молиме имајте предвид дека повремено може да ви испраќаме важни информации во врска со производите и услугите на Друштвото кои ги користите или сте ги користеле. Овие известувања не спаѓаат во рекламни комуникации.

 

Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации

Друштвото ги презема сите пропишани технички и организациони мерки за заштита на личните податоци, за спречување неовластен пристап и нивна злоупотреба. Нашите сигурносни процедури се предмет на редовни контроли и одраз на најновите технолошки достигнувања во оваа област.

 

Што треба да направите за да ги заштитите вашите информации

Како општа најдобра практика на Интернет, Ви препорачуваме:

  • Не користете лесни лозинки (како единечни зборови од речник);
  • Не користете иста лозинка секаде;
  • Користете долги лозинки (најмалку 8 знаци, но се препорачуваат и подолги);
  • Користете лозинки кои содржат комбинација од големи и мали букви, броеви и специјални знаци, на пр. $%^& итн.
  • Чувајте ги лозинките на безбедно место (никогаш не ги запишувајте или споделувајте со никого) и редовно менувајте ги.
  • Следете ги безбедносните препораки дадени од Друштвото.

 

Пристап до вашите информации и вашите права

Ако сакате да дознаете кои категории на Ваши лични податоци ги обработува Друштвото, за која цел или да побарате запирање или сопирање на обработката, Ве молиме обратете се на info@ospol.mk

Доколку сакате да направите измена, дополна, бришење или ажурирање на сите неточни лични податоци, исто така може да се обратите на info@ospol.mk

 

Друштвото користи технологии кои се широко распространети во индустријата за собирање на информации во врска со користењето на нашиот веб-сајт и e-mail комуникации, познати како „cookies“ (колачиња). На пример, овие технологии ни откриваат кои корисници кликнале на важни елементи (како линкови или графика) од веб-сајтот или e-mail пораките на Друштвото и да го препознаат пребарувачот следниот пат кога ќе го посетите нашиот веб-сајт. Користењето на овие технологии се прави исклучиво со цел да се подобри корисничкото искуство и функционалноста на порталот на Друштвото.

 

Чии податоци можеме да собираме?

 Согласно член 109 од Закон за супервизија на осигурување Друштвото е овластено да собира и чува база на податоци за осигурениците, база на податоци за настанати штети и база на податоци за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.

 

Прифаќање на условите

Со користењето на оваа веб страна, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Осигурителна полиса АД Скопје.

Ако не се согласувате со истата, ве молиме не ја користете нашата веб страна.

 

Контактирајте нè

Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на АД Осигурителна полиса Скопје при користењето на нашата веб-страница, ве молиме контактирајте нè на:

АД Осигурителна полиса Скопје бул. Свети Климент Охридски бр.26

info@ospol.mk