Со осигурувањето од автоодговорност осигуреникот (сопственикот на возило) ја осигурува законската одговорност за причинување на штети на трети лица со употреба на сопствено возило. Ова осигурување ги покрива штетите во случај на загуба на живот, телесни повреди, нарушено здравје, уништување или оштетување на предмети.


Во рамките на оваа класа на осигурување ние сме во можност да Ви понудиме:

  • Автоодговорност на сите видовои на моторни возила (одговорност кон трети лица при употреба на моторно возило)
  • Автоодговорност за моторни возила со пробни таблици
  • Гранично осигурување за моторни возила со странски таблици
  • Зелен картон
  • Осигурување на патници во јавен превоз
  • ополнително осигурување на возачот и патниците од незгода. Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомст за боледување.

Услови за осигурување од одговорност од употреба на моторни возила

Дали сте се запрашале што треба да сторите за да го зачувате Вашето возило? Ако Вашето возило навистина Ви значи тогаш треба да ја искоритите погодноста што АД Осигурителна полиса Ви ја нуди - а тоа е каско осигурување на Вашето возило.

Според Ваш избор може да склучите:

  • Потполно каско осигурување
  • Делумно каско осигурување
  • Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода

Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води. АД Осигурителна полиса Ви нуди и потполно каско осигурување со учество на осигуреникот во секоја штета (франшиза) и тоа од: 200, 400, 500 и 1000 ЕВРА.

Осигурително покритие

  • Возилото се осигурува на неговата новонабавна вредност
  • Возила постари од 10 години не се примаат во осигурувањето
  • Доплаток од 60% за проширување на осигурително покритие кражба и разбојништво за Република Бугарија
  • За возила 6-10 години се пресметува попуст од 10%
  • Ризикот кражба и разбојништво е вклучен во основната стапка и важи за сите европски земји

Делумно каско осигурување може да се договори за следнава група на ризици: кршење и оштетување на стакла на патнички моторни возила, освен кровни стакла, стакла на фарови и огледала (ретровизори).

Кај осигурувањето на огледала (ретровизори) опфатени се и штети настанати од: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, или на некој друг начин, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет, со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води. Како и кршење на стакло настанато како погонска штета.

Ние Ви нудиме можност за дополнување на осигурувањето со рамки на истата полиса за каско осигурување за осигурување на Вас и Вашите сопатници од последици на несреќен случај (незгода). Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода. Со ова осигурување се покриваат штетите предизвикани на возачот и сопатниците, во случај на загуба на живот, инвалидитет, трошоци за лекување и дневен надомст за боледување.

Информации за осигурителното покритието и цената на осигурувањето во секое време може да се обратите на нашите агенти за осигурување. АД Осигурителна полиса секогаш е тука за да ги задоволи Вашите потреби и интереси за осигурување.

Специјална понуда за семејни пакети, за секое дете во семејството 5% бонус, а максимален до 15% бонус во целост.


Услови за каско осигурување на моторни возила

Кога тргнуваме на пат, не можеме со сигурност да ги предвидиме настаните кои следат, но можеме да се осигураме дека во случај на несреќа има кој да се погрижи за нас, нашите сопатници и нашето возило. Полисата за помош на пат од АД Осигурителна полиса e покритие за следниве осигурени ризици:


  • давање информации
  • поправка на лице место
  • транспортот на осигуреното Моторно возило
  • привремено сместување на моторното возило
  • хотелско сместување
  • обезбедување на заменско рент-а-кар возило
  • продолжување на патувањето
  • враќање по осигуреното моторно возило
  • надомест на трошоци за телефон

Се смета дека до настанување на осигурениот случај дошло оној момент кога Моторното возило за кое што е склучено осигурување не може повеќе да се движи на технички и со прописите предвиден начин заради:


  • електричен или механички дефект – под кој што се подразбира состојба на возилото во која што истото не може да се движи или не може да се движи на безбеден начин, заради откажување/дефект на механички, електричен или електронски елемент, дел или склоп, само ако возилото за кое што е склучено осигурувањето за помош на пат во моментот на настанување на електричниот или механичкиот дефект не е постаро од 8 години;
  • сообраќајна незгода – под која што се подразбира судар, удар, лизгање или превртување на Моторното возило;
  • незгоди во врска со употребата на Моторното возило – губење на клучеви, клучеви заклучени во возилото, недостаток на гориво или лош квалитет на истото, употреба на несоодветно гориво, издишени или продупчени пневматици и слично.

Услови за помош на пат