Дали сте се запрашале што треба да сторите за да го зачувате Вашето возило? Ако Вашето возило навистина Ви значи, тогаш треба да ја искористите поволноста што АД Осигурителна полиса Ви ја нуди - а тоа е каско осигурување на Вашето возило.

Според Ваш избор може да склучите:

  • Потполно каско осигурување
  • Делумно каско осигурување
  • Дополнително осигурување на возачот и патниците од незгода

Со потполно каско осигурување се надоместуваат штетите што се предизвикани од следните ризици: сообраќајна незгода, паѓање или удар од некој предмет, пожар, ненадејно надворешно термичко дејство, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстарации, кражба и разбојништво, злонамерни постапки од страна на трети лица, оштетување на тапацирот во осигуреното возило предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода, намерно предизвикување на штета на осигурениот предмет со цел да се спречи поголема штета како и поплава, порој и високи води.

Делумно каско осигурување може да се договори за кршење и оштетување на стаклата на возилата.

Ние Ви нудиме можност за дополнување на осигурувањето со рамки на истата полиса за каско осигурување, за осигурување на Вас и Вашите сопатници од последици на несреќен случај (незгода).


Кои се предностите да склучите каско осигурување во АД Осигурителна полиса?

  • Широк спектар на осигурени ризици
  • Осигурителна заштита од делумно или потполно оштетување на возилото
  • Брза и ефикасна исплата на штета

За информации за осигурителното покритие и за цената на осигурувањето во секое време може да се обратите на нашите агенти за осигурување. АД Осигурителна полиса секогаш е тука за да ги задоволи Вашите потреби и интереси за осигурување.



Услови за каско осигурување на моторни возила

Каско осигурувањето овозможува заштита од осигурени опасности на Вашиот пловен објект, без разлика на тоа дали е оштетен во текот на пловидба или додека стоел усидрен, дали сте вие криви за незгодата или некој друг.

Со каско осигурување на пловни објекти може да се осигура секој пловен објект на внатрешни води (реки, канали и езера) во Македонија на ризици на кои е изложен за време на пловидба, мирување и усидрување.

Кои се предностите да имате каско осигурување на вашиот пловен објект?

  • Заштита од широк спектар на ризици за вашиот брод, глисер или чамец
  • 24 часовно покритие во секоја ситуација: додека бродот плови, додека е усидрен и додека е на копно

Не заборавајте, вашиот брод, глисер или кајче се најсигурни со нас.



Услови за каско осигурување на пловни објекти

Со ова осигурување се осигуруваат воздухопловите на комерцијални авиокомпании, државни институции, аеродроми и слично со осигурително покритие “Против сите ризици” за штети и оштетувања кои ќе настанат на осигурениот воздухоплов, поради непредвидени настани за време на летање, рулање, мирување на земја или усидрување, вклучувајќи и исчезнување на воздухопловот, за времето договорено во полисата за осигурување, но максимум до осигурената вредност.

Покриени се и трошоците кои биле оправдано направени за спасување и за превоз на осигурениот воздухоплов до местото на поправка.



Услови за каско осигурување на воздухоплови